За Империјата на Најсилните Вештерки (MK)

Империјата на Најсилните Вештерки е единствена окултна организација од светски размери

Потомственная ведьма Алёна Полынь

Основач на ИНВ е наследна вештерка Аљона Полињ. Врската на генерациите која и ми дава право да се нарекувам наследна или родова вештерка кај нас не е само на зборови. Мојата баба е претставник на истакнато Семејство на вештерки и веќе моите ќерки денес ја продолжуваат Династијата на Вештерките.

Во јавноста се формирал стереотип за ликот на вештерка како на необразована, по малку груба жена или старица, која не се експонира во јавноста, туку дење и ноќе прави магии некаде на гробишта или зад некоја печка. Сакам да објаснам, бидејќи правилното разбирање денес е изгубено. Вештерка е онаа што ја познава материјата, па според тоа вештерките ги имало во најразличните слоеви на населението, вклучувајќи и благородници, но до луѓето стасало само поимање на селската магија и на боса жена или жена што во најдобар случај носи опинци. Но и аристократијата честопати се занимавала со окултизам создавајќи окултни организации. Вештерството и магијата на благородниците многу се разликувала од селската магија. Токму длабочината на познанието, можноста за сериозно проучување на универзумот и интерес кон магијата како наука, им биле својствени на претставниците на благородништвото. Секако и самите ритуали имале поинаква сила и насока, бидејќи животната средина секогаш го формира светогледот.

Во културата на сите народи постојат многу длабоки познавања, но магијата на луѓето од различен статус и различни народи сепак има еден Извор – Прапочеток. Токму врз силата на Прапочетокот и се основа Империјата на Најсилните Вештерки. Ние не ја делиме Земјата на земји, туку само на страни, поимајќи ја Земјата како едно тело. Знаењата на секоја земја, магијата на секој народ е она што бара длабоко проучување. Многу нешта се изгубени, но не се изгубени неповратно. ИНВ ги подига вештерските знаења од минатото и создава свои магични ресурси.

Со што се занимава Империјата на Најсилните Вештерки?

Чем занимается Империя Сильнейших Ведьм?

Основна и главна задача на Империјата на Најсилните Вештерки е подобрување на виталните функции на Земјата и зголемување на квалитетот на животот на упатениот човек, оној кој и́ е неопходен на Земјата за интеракција. За сметка на што се подобрува виталната активност на Земјата и квалитетот на животот на човекот?

За сметка на знаењата кои во практична форма вештерките и вештерите на ИНС ги применуваат во однос на Земјата. Исто така и за сметка на физичката помош на Земјата. А поточно, за сметка на садење дрвја и цвеќиња од Црвената Книга. Не се работи за обично садење, туку обредно, кое во себе носи не само пошумување на Земјата, туку и моќни енергетички ритуали за обновување на истата.

Проучувањето на магијата и вештерството на многу високо ниво им помага на вештерките и вештерите на Империјата да ги применуваат магичните знаења за подобрување не само на квалитетот на својот животот и на животот на своите блиски, туку и на земјите во кои што тие живеат, како и на целата Земја.

Во светогледот на луѓето се запишани голем број религии, Империјата на Најсилните Вештерки зборува за единствениот Извор на сите знаења. Секоја религија се базира на едно или друго знаење и секогаш има цел, а целта се различни видови на влијание врз свеста на човекот. Ние не негираме ниту една религија, ние зборуваме за тоа дека сѐ е обединето. Создавајќи една или друга религија, обраќајќи му се на еден или друг Бог, ние мораме да разбираме дека длабоката внатрешност на сѐ е Прапочетокот. Прапочетокот на сѐ што е живо или неживо. Нељубов кон некоја од земјите е негирање на дел од Земјата и е исто што и да не се сака некој дел од своето тело. Навредување на чувствата на верниците или поинаквата религија или Бог преку исказите за неодржливост на нивната вера и глобализација на другата, е ќорсокак на незнаење. Знаењата на сите религии потекнуваат од вештерското учење.

Секоја религија го исфилтрирала знаењето според сознанието на народот кој живее во една или друга земја, но имајќи го тоа предвид, неупатените, за да не дознааат нешто повеќе, што ќе поттикне интерес кон својата индивидуална свест и излез од масата на био-роботи. Токму затоа Империјата на Најсилните Вештерки ја сака целата Земја и ги проучува сите знаења. За да се создаде можност за Великодушност, односно, за раст на душата, од зародиш до Велика (токму ова значење има зборот великодушност). Магијата е наука на сите науки и религија на сите религии, а тоа значи дека во неа има зрно, благодарение на кое, возможно е да се одгледа градина. Ние ја сфаќаме длабочината и можностите на сите знаења што секој ден ни се откриваат нам.

Империјата на најсилните Вештерки врши посветување во вештерки и вештери. Посветувањето во вештерка или вештер не е обред од еден или друг егрегор (на пример, одрекување од Христос), не е колење на петел на гробишта. Доколку вештерот ни вели за одрекување или обратно, посветува само мусулмани или христијани, тој е неук.

Посветувањето во вештерки и вештери во ИНВ тоа е, како прво, влез во Империјата, како второ, добивање на Силата на 4-ите стихии, како трето, вештерскиот канал каде што се наоѓа знаењето на вештерки и вештерите за привремена пространствена длабочина, како четврто, канал на Творецот. Ова е вистинско посветување во вештерка или вештер и конечно, тоа е одговорност и обврска. За разбирањето на тоа што е, всушност, посветување во вештерка, постојат книги и видео-конференции, бидејќи незнаењето раѓа неразбирливи, чудни, а понекогаш и опасни посветувања.

Империјата на Најсилните Вештерки посветува во Шумичка. Што е Шумичката на Империјата?

Империя Сильнейших Ведьм посвящает в Рощу

Постојат луѓе коишто сѐ уште се далеку од магијата, но прекрасно ја разбираат потребата од подобрување на квалитетот на животот на Земјата. Кај ваквите луѓе нема подготвеност за посветување во вештерка, но во вештерската Шумичка тие можат да влезат. Шумичката означува можност за растење со приклучување кон силната организација на вештерките. Тоа е заштита, поддршка и помош од егрегорот на Империјата на Најсилните Вештерки.

Империјата на Најсилните Вештерки е единствена организација за сите што се занимаваат со магија и вештерство, независно од насоката на магијата, националноста и вероисповедта. Во Империјата на Најсилните Вештерки се одржуваат часови по магија, ги проучуваме сите правци на магијата и вештерството, усовршувајќи се секој ден. Во сите земји сериозните вештерки и вештери пристапуваат кон ИНС со цел подлабоко спознание на вештерството и помагање на Земјата. Денес, стапувањето во Империјата е веќе истакнување на статусот на вештерката. Затоа, голем број луѓе што им се обраќаат на вештерките и вештери со барање за магична помош, дознаваат за посветување во ИНС кај Аљона Полињ.

Аљона Полињ е автор на магичните книги, творец на најголем број оракули во Светот и единствен човек кој за сите ја отворил магијата на Тарот и го покажал доказот за несоодветност на класичните шпилови на Тарот според енергетиката. Токму Аљона Полињ го издала целосниот шпил на Тарот од 111 карти. На сајтот постојат голем број едукативни видео-материјали. Постарата ќерка, Кристина Мандрагора, својата прва книга ја издала на 14-годишна возраст. Сево ова зборува за можноста да се расте и да се развива во магијата врз основа на Силната Вештерска Династија.

Учениците на Аљона Полињ веќе самите издаваат свои книги, поседуваат мигични кабитети на сајтот на ИНВ. Обуката за магија и вештерство во Империјата е целосен и длабок приод што поседува сите правци. Каде што теоријата се испреплетува со праксата создавајќи моќни вештерки и вештери и зголемувајќи ја Силата на родовите вештерки.

Конкретно прашање

Дали треба и́ на вештерката или вештерот што поседува родова вештерска Сила, односно, магична Сила што е пренесена по наследство, посветување во вештерка? Да, треба. Како што е напишано погоре, посветувањето во вештерка во ИНС е влез во Единствениот вештерски канал, а исто така е и можност за добивање на подлабоки знаења, освен тоа, тоа е и општење со истомисленици и размена на искуства.

Сеопфатноста на Империјата на Најсилните Вештерки ја гледаат сите и ИНВ станала своевидна мајка на сите вештерки и вештери, само шарлатани го избегнуваат придружувањето кон Империјата, бидејќи обуката за магија и вештерство не им е потребна. Секогаш, кога барате помош од вештерка, имајте предвид дали таа е приклучена кон Империјата, вие секогаш можете да ни напишете писмо со барање појаснување, бидејќи силните вештерки и вештери се секогаш внатре во Империјата на Најсилните Вештерки. Вештерката се едуцира целиот свој живот, бидејќи знаењето на магијата и вештерството е безгранично, токму затоа сите сериозни практичари се придружуваат кон ИНВ. За пружање помош на луѓето е отворен Парапсихолошкиот центар на Аљона Полињ во Москва, каде што ги примаат учениците на вештерката.

Магическая помощь учеников возможна и по Skype

Для желающих пройти Посвящение в ведьмы и ведуны

Для желающих войти в Рощу Империи

Об Алёне Полынь Отзывы Пресс-центр / СМИ о нас Контакты